» проблеми со ping, cFosSpeed

Најпрво, симнете ја и инсталирајте ја најновата верзија на cFosSpeed:

  Забелешки за некои специфични рутери или firewall
  Прибирање и интерпретирање на статистиките за cFosSpeed ping
  Дали имате firewall?

cFosSpeed - проблеми со ping

Штом се активира, cFosSpeed ќе испраќа ping пакети на Интернет за да измери колку е "закрчена" конекцијата. Без овие пакети, cFosSpeed Traffic Shaping нема да работи.

cFosSpeed ќе испраќа ping само доколку качувате или симнувате на одредено минимално ниво. Затоа најлесен начин да потврдите дека Ping пакетите поминуваат е да почнете да качувате нешто што трае барем 30 секунди (пр. испратете си сами на себе поголем мејл). Потоа, проверете дали се појавува пораката во балончето (видете подолу).

Доколку нема одѕив на овие Ping пакети подолг период, cFosSpeed ќе ви каже во балонче порака. Потоа треба да продолжите со следново:

Забелешки за некои специфични рутери или firewall

AVM Fritzbox:

AVM FritzBox во неколку од неговите верзии доаѓа со вклучен PPPoE филтер. Овој филтер треба да се исклучи бидејќи ги блокира IcmP и поради тоа калибрациските Ping од cFosSpeed нема да можат да се испратат: PPPoE Filter Screenshot

Sygate Personal Firewall:

Под "options," одете во "security" табот и деактивирајте "DoS detection." Ова е неопходно бидејќи во спротивно овој firewall погрешно ќе го класифицира процесот на калибрација на cFosSpeed како DoS напад.

Некои корисници исто пријавија дека и "Anti-IP Manipulation" треба да биде исклучено за cFosSpeed да работи без проблеми.

Agnitum Outpost Firewall:

Овде корисниците имаат пријавено дека во IcmP прилагодувањата мора да се штиклира "Echo reply - outgoing" опцијата за овој firewall да не ги блокира излезните одговори.

Eset Smart Security:

IcmP Setting за Eset Smart Security да дозволи cFosSpeed ping.

Orange Livebox:

Settings за Orange livebox со вграден Inventel рутер да дозволи cFosSpeed ping.

Kaspersky Anti-Hacker:

Можете да поставите посебни правила за секоја апликација. Во овој случај, за SPD.EXE (cFosSpeed сервисот). Ова ја овозможува cFos комуникацијата. Дополнително, може да ја исклучите опцијата за Anti Hacker да детектира "DoS" напади за да ги избегнете акциите по грешка од страна на Anti-Hacker.

Исто така, треба да ја активирате опцијата "Allow outgoing IcmP pakets with IcmP-Code: Echo Reply".

IcmP прилагодувањата треба да бидат:

  • IcmP Type 0 (Echo Reply) incoming : allow
  • IcmP Type 8 (Echo) outgoing : allow
  • IcmP Type 11 (Time Exceeded) incoming : allow
  • Other IcmP Types incoming and outgoing : allow

Draytek Router:

Некои корисници имаат пријавено дека опцијата "Ip Filter/Firewall Setup - DoS defense" треба да биде исклучена. Во спротивно, рутерот ќе ги филтрира cFosSpeed PING пакетите.

Linksys wag54g router:

Некои корисници имаат пријавено дека опцијата "Block Anonymous Internet Requests" треба да биде исклучена за рутерот да не ги блокира IcmP одговорите.

TP-Link Router:

TP-Link нуди нов firmware, кој сега овозможува ping сигнали. Молиме одете на веб страницата на TP-Link и инсталирајте го најновиот firmware.

Attention: Following user reports, this seems to not apply to at least the models TL-R460, TL-R860 and TL-R402M.

PC cillin 2007:

За да ја овозможите tracert командата во Windows со PC Cillin 2007, само следете ги овие чекори:

  1. Отворете ја главната конзола на PC Cillin->network- and firewall-control->personal firewall->settings->select account->edit->network control->add
  2. Сега можете да додадете 2 нови протоколи.
  3. за outgoing connections:
    (default) allow for outgoing connections
    (protocol) icmp
    (port) all ports
    (ip-settings) all ip-settings
  4. За дојдовни конекции, повторете го само чекор 3 за incoming connections

AVG Internet Security:

AVG сетинзи за cFosSpeed да работи како што треба.

Прибирање и интерпретирање на статистиките за cFosSpeed ping

Отворете ја cFosSpeed конзолата и впишете "spd pingstat"

Ова треба да прикаже нешто слично како:


Ping statistics:

Total ping requests 107,686
done 107,686 (1)
...and only 107,686

Total pings sent 106,949
strong 106,778
...and new 106,778 (2)

Total pongs 106,804
found 106,566
...and strong 106,519
...and strong reply 106,519 (3)
...and used 106,519 (4)

Ping outage statistics:
1 ping in a row 33 times
5 pings in a row 1 time

Ping src/dst: 192.168.0.100 to 194.95.249.23, ttl 3
Ethernet src/dst: 00:0e:a6:57:9b:0b to 00:11:95:78:27:a4

Трите вредности дадени за "total ping requests" треба да бидат идентични. Во случај да има поголема девијација меѓу овие, молиме пријавете кај нас.

Вредноста означена како (1) треба да биде приближна со таа до (2) . Доколку не е така, тоа најчесто значи дека некој firewall ги блокира податоците. Како погоре, мала девијација од неколку проценти, не е нешто драматично.

Вредностите за (3) и (4) треба исто така да бидат слични. Ако не се, пратете ни мејл.

По истиот принцип, вредностите (2) и (3) треба да бидат приближно исти. Доколку не е така, ова наведува дека Ping сигналите и нивните одговори се губат некаде "на мрежата" (што се случува често). За жал, не можеме ништо да направиме во врска со тоа.

Кога ни пишувате мејл, молиме обратете се на чекорот 3 погоре, во врска со кој фајлови да ги прикачите на мејлот.

Совет:
Ако проблемите со Ping продолжат
и со исклучен firewall,
молиме одинсталирајте го вашиот firewall и обидете се повторно.

Дали имате firewall?

Проверете дали имате вклучено firewall на вашиот систем. Доколку да, осигурајте се дека на SPD.EXE програмот (cFosSpeed сервисот) му е дозволено да испраќа и прима IcmP податоци. Исто така, знајте дека CFOSSPEED.EXE не пристапува на Интернет.

Важно!
Кога конфигурацијата на вашиот firewall за IcmP податоци не дозволува одговор на cFosSpeed мерењата за ping, cFos Traffic Shaping нема да работи. Ова можете да го проверите со едноставна tracert команда.

1. Внесете tracert команда

Кликнете Start -> Programs -> cFosSpeed -> Open console, и пишете "tracert www.cfos.de". Ако сè e во ред, тербда да појави нешто како ова:

Tracing route to www.cfos.de [194.95.249.23] over a maximum of 30 hops:

1 56 ms 56 ms 55 ms 217.0.116.148
2 55 ms 54 ms 54 ms 217.0.74.50
3 54 ms 53 ms 55 ms k-ea1.K.DE.net.DTAG.DE [62.154.55.154]
4 61 ms 62 ms 61 ms h-eb1.H.DE.net.DTAG.DE [62.154.49.166]

etc.
Тоа што е круцијално овде е дека постојат временски валути (а не ѕвездички) прикажани на колоните од 2 до 4.

Доколку се работи за таков случај, прескокнете начекор 3подолу.

Сепак, Ping е блокиран доколку се прикажува како:

Tracing route to www.cfos.de [194.95.249.23] over a maximum of 30 hops:


1 * * * Request timed out.
2 * * * Request timed out.
3 * * * Request timed out.
4 * * * Request timed out.

etc.

Во овој случај, продолжете со чекор 2

2. Tracert не работи

Tracert изгледа дека не работи на вашиот систем. Доколку не користите firewall или користите некој што веќе ги пропушта Ping сигналите од SPD.EXE, тогаш најверојатно нешто друго ги блокира.

Ако користите рутер, и тој исто мора да е наместен да ги пропушта Ping сигналите. Конфигурирајте го вашиот рутер за cFosSpeed да може да испраќа Ping (IcmP echo requests - type 8) и да прима Ping одговори (IcmP echo reply - type 0) згора на time-outs (or IcmP TTL/time exceeded - type 11). Може да треба да го рестартирате рутерот за да се применат новите промени.

Сега повторете го чекор 2 наведен погоре, користејќи ја "tracert www.cfos.de" командата. Доколку сеуште нема Ping сигнали, постои шанса вашиот Интернет провајдер да ги блокира. Во овој случај, ќе треба да го контактирате провајдерот.

Последна можност: Исклучете го вашиот firewall и обидете се повторно. Ако и ова не помогне, одинсталирајте го целосно вашиот firewall и пробајте уште еднаш.

3. Tracert работи

Tracert работи, но пораката во балончето сеуште се прикажува: Молиме проверете уште еднаш дали вашиот firewall софтвер можеби сепак ги блокира Ping сигналите од SPD.EXE.

Доколку додека качувате со максимална брзина (или приближно), cFosSpeed во било кој момент ги прикаже ping времињата во статус прозорчето. тогаш Ping сигналите не се блокираат од вашиот систем, туку се губат некаде на Интернет. Квалитетот на Ping сигналите може да биде различен во зависност од вашиот Интернет провајдер. Исто може да му влијаат и други фактори како оптовареност на мрежата на провајдерот, каде cFosSpeed секако нема контрола.

Ако Tracert работи, но Ping времињата не се појавуваат никогаш на статусното прозорче, молиме пратете ни мејл и прикачете копии од TRACE.TXT и TRACE_OLD.TXT од вашата cFosSpeed инсталација. Молиме осигурајте се дека ќе ни ги пратите овие фајлови веднаш по појавување на проблемот за да истите ги содржат сите потребни податоци за детална анализа.

Powered by cFos Personal Net Web Server
Practice random kindness and senseless acts of beauty