» cFosSpeed Документација, Traffic Shaping за Filesharing (P2P)

Приоритизирај програми со cFosSpeed
  програмска листа
  Пријави нов програм

Traffic Shaping за споделување фајлови (P2P)

Благодарение на cFosSpeed Traffic Shaping, конечно можете да го користите полната брзина за качување (со eMule, Kazaa или БитТоррент и сл.) и да го направите достапни на други filenet корисници - без притоа негативно да влијаете на другите Интернет апликации.

Проблемите со софтвери за споделување на фајлови

Вклучување на програми за споделување на фајлови (како eMule, Kazaa или БитТоррент) често ќе ја зафатат најголемиот дел од конекцијата за качување, ако не и целиот. Ова доведува Ping времињата на конекцијата значително да пораснат. Не само што ова значи дека програмите за споделување на фајлови ќе комуницираат бавно (барањата на извори ќе трае полни 1-2 секунди за секој, наместо милисекунди), него исто така ќе ги загуши и другите Интернет апликации. Прелистувачот исто ќе биде значително побавен кога отворате некоја веб страница.

Популарно (некомплетно) решение кое се нуди од многу програи за споделување на фајлови е да се ограничување на брзината на качување.

Сепак, доколку симултано вклучите праќање на мејл и качување од некоја програма за споделување фајлови, двете ќе се натпреваруваат за достапната брзина на качување. Колку ќе припадне на секоја активност, е оставено на случајност. Во одредени случаи, ова може дури да доведе и до терминација на сите TCP конекции (TCP connection starving).

Солуцијата: Traffic Shaping

cFos Traffic Shaping

Шемата за приоритизирање која е интегрирана во cFos и cFosSpeed ги (ре)организира дата пакетите на начин кој осигурува максимални брзини на симнување на програмите за споделување на фајлови. Додатно на ова, cFos и cFosSpeed го намалува приоритетот на сообраќајот од споделување на фајлови. Ова не значи дека вештачки го успорува или закочува целосно. Ова само значи е дека таквиот сообраќај ќе биде привремено одложен додека некои побитни податоци се испратат. Единствено оваа шема на приоритизација овозможува програмите за споделување на фајлови да работат со полна брзина, а во исто време и другите апликации да можат нормално да се користат.

На пример, доколку имате некоја програма за споделување на фајлови која работи во позадина додека сурфате на Интернет, ќе има само краткотрајно, минимално успорување на P2P сообраќајот додека новата страница се лоадира. Исто така, ако испраќате поголем мејл, P2P качувањата може привремено да се намалат додека истиот се испрати. Штом мејлот се испрати, качувањето ќе продолжи со полна брзина повторно. Единствена алтернатива би било да се одложи испраќањето на мејлот "засекогаш" или вештачки да се ограничи брзината на трансфер за програмите за споделување на фајлови некако. Но ова би значело губење на брзина дури и кога никоја друга апликација не ја користи истата конекција..

cFosSpeed е затоа оптимизиран за користење со програми за споделување на фајлови (p2p), овозможувајќи корисниците да ги остават тие програми вклучени во позадина без да им пречат на нормалните Интернет активности.

Затоа препорачуваме на програмите како Kazaa и сл. да одберете "unlimited upload" и деактивирате "speed sense" опцијата бидејќи cFosSpeed веќе ја оптимизира Интернет конекцијата и нема потреба од нив.

Скин на икона

Бидејќи повеќето корисници ги држат своите програми за споделување фајлови уклучени 24 часа во денот, cFosSpeed доаѓа со посебен скин за икона наменет за ова, што овозможува следење на конекциите без потреба од засебно прозорче да биде отворено цело време.

Приоритизација:

Доста корисници имаат и засебен компјутер поставено единствено за споделување на фајлови и рутирање на P2P сообраќај (на пр. делење на Интернет) преку главен компјутер кој е директно поврзан на Интернет. Во овој случај, Layer-7 протокол детекцијата која е интегрирана во cFos и cFosSpeed дозволува приоритизирање на најважните P2P мрежи како БитТоррент, eDonkey 2000 (eMule и сл.), Kazaa, Gnutella(2), Kademlia, и Direct Connect.

Приоритизирање програми:

Дијалог за програмска приоритизација

cFos и cFosSpeed исто дозволуваат приоритизирање на програмите според нивното име. Многу од најважните програми се веќе вклучени во нашата програмска листа. Овој начин на приоритизирање е особено корисен кога Layer-7 детекцијата не може да ги открие и назначи податоците соодветно (како што би било случај со, на пример, encrypted P2P сообраќај).

прилагодувања на DSL конекција

Оптимизира прилагодувања на конекцијата:

Можете да назначите точно кој вид на трансфер го користите под Прилагодувања на конекцијата. Што повеќе информации му се достапни на cFos или cFosSpeed за конекцијата, толку подобри ќе бидат Ping времињата. Зададеното е "Adaptive". Но доколку, на пример, користите DSL конекција, тогаш треба да го одберете соодветниот DSL стандард или протокол како ваша конекција.

Powered by cFos Personal Net Web Server
Practice random kindness and senseless acts of beauty