cFosSpeed is the official Internet Accelerator for ASUS, GIGABYTE, ASRock and MSI gaming products

Приоритизирај програми со cFosSpeed
програмска листа
Пријави нов програм

Како може да сурфам на Интернет побрзо?

Traffic Shaping технологијата прави времето на ping да биде ниско и брзините на трансфер да бидат конзистентно високи во исто време.

HTTP детекцијата интегрирана во cFos и cFosSpeed служи за да го забрза вчитувањето на страниците, особено кога качувате или симнувате нешто во исто време. Споредба со времето за вчитување на www.greenpeace.org и www.amazon.com е достапно на http://www.cfos.de/en/traffic-shaping/traffic-shaping.htm. Забрзувањето е позабележително кога поголем број на индивидуални елементи треба да се вчитаат на дадена веб страница.

Преферирај Ping:

Прикажи преферирање ping

Доколку сурфате многу страници одеднаш (без поголеми симнувања), може да сакате да ги користите прилагодувањата во контекст менито или статус прозорецот за да ја активирате опцијата "Преферирај Ping." Во тој случај ќе се појави зелена стрелка на статус прозорецот. Со оваа опција, cFos или cFosSpeed ќе направи сè за да ги задржи времињата на Ping на минимум, но на штета на брзината на трансферот, што може да го успори. Сепак, во зависност на вклучените апликации, ова може додатно да го забрза лоадирањето на страниците..

Други активни апликации:

И cFos и cFosSpeed доаѓаат со интегрирана детекција за големите интерактивни апликации како SSL, SSH, Telnet, IRC, и многу други. Ова осигурува ниски времиња на одѕив дури и додека има големи качувања и симнувања.

Доколку стандардната шема за приоритизирање под Protocol Settings не е доволна за вашите цели, секогаш можете и да приоритизирате било која апликација според нејзиното име под "Program Settings" или да ја додадете нејзината порта мануелно во filter rules. Ова особено е препорачливо кога имате сервер.

Доколку протите се познати, можете да го приоритизирате нивниот трансфер на податоци (со едитирање на [filter] секцијата во settings.ini фајлот):

За TCP порти:
[filters]
; dest port=1234
filter=-tcp-dport 1234 -c high
; source port=5678
filter=-tcp-sport 5678 -c high

За UDP порти:
[filters]
; dest port=1234
filter=-udp-dport 1234 -c high
; source port=5678
filter=-udp-sport 5678 -c high

Откако ќе ги направите измените, новите прилагодувања треба да се лоадираат. За ова, отворете ја конзолата (под Start, Program, cFosSpeed) и внесете "spd reload". Вашите измени ќе бидат активни по следното рестартирање на системот.

cFosSpeed-Filter Упатство (Англиски)

Сурфање и споделување на фајлови (P2P):

Како зададено, програмите за споделување на фајлови се поставени на најнизок приоритет. Ова не значи дека вештачки ги успорува или закочува целосно. Ова само значи е дека таквиот сообраќај ќе биде привремено одложен додека некои побитни податоци се испратат. Единствено оваа шема на приоритизација овозможува програмите за споделување на фајлови да работат со полна брзина, а во исто време и другите апликации (како сурфање на Интернет) да можат нормално да се користат.

прилагодувања на DSL конекција

Оптимизира прилагодувања на конекцијата:

Можете да назначите точно кој вид на трансфер го користите под Прилагодувања на конекцијата. Што повеќе информации му се достапни на cFos или cFosSpeed за конекцијата, толку подобри ќе бидат Ping времињата. Зададеното е "Adaptive". Но доколку, на пример, користите DSL конекција, тогаш треба да го одберете соодветниот DSL стандард или протокол како ваша конекција.